Одберете јазик
 
на веб страната на здружението
СУДСКО МЕДИУМСКИ СОВЕТ
Sudsko mediumski
Судска Етика
Судиски информатор
Судиска ревија
Судска ревија
Публикации
Закони, прописи, акти
 
Службен Весник
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судско-медиумскиот совет и ЗНМ
 
February 17, 2021
  Денеска во просториите на ЗНМ претседателот на Здружение на судии Џемали Саити како и претседателот на Судско-медиумскиот совет Иван Џолев и претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски потпишаа меморандум за соработка.

Целта на овој меморандум е подобрување на меѓусебна соработка помеѓу новинарската и судска фела и унапредување на соработката во областа на судската транспарентност. Судско медиумскиот совет и ЗНМ во иднина ќе соработуваат во подготовка на Стратегија за зајакнување на судската транспарентност како и подготовка и промоција на други документи од областа на транспарентноста и односите со новинарите и медиумите. Двете организации во иднина ќе организираат заеднички настани за новинари и судии и ќе соработуваат во заеднички проекти од областа на медиумите и правосудството.

Претседателот на Здружението на судиите на Република Северна Македонија Џемали Саити кажа: „Овој меморандум е само почеток, а во иднина имаме волја и желба да имаме конкретни проекти со ЗНМ преку кои ќе бидат заедно вклучени и новинарите и судиите а со цел да се зајакне довербата помеѓу овие две фели и да се подобри самата комуникација“.


„Соработката на новинарите и судиите е важна во насока на подобрување на јавниот имиџ на двете професии пред јавноста како предуслов за подобрување на довербата на граѓаните кон професионалните новинари и одговорните судии“, истакна Младен Чадиковски.

На средбата претседателот на советот и на Основниот кривичен суд во Скопје Иван Џолев кажа дека Кривичниот суд како и досега, останува отворен за соработка со новинарите и медиумските работници со желба за продлабочување на соработката. Воедно отворени сме и за нови идеи и предлог проекти од медиумите кои се во правец на поголема отвореност на судот што е во корист пред се за јавноста и јавниот интерес. Во иднина ќе се залагаме за уште поголема транспарентност не само на Кривичниот суд, туку и на целиот правосуден сектор, а истовремено очекуваме објективно и професионално известување за работата на судот“.

Една од првите заеднички активности во рамки на овој меморандум ќе биде и изработката на Стратегијата за зајакнување на судската транспарентност во која ќе бидат дефинирани целите за идните делувања.

Назад
f
Судски Совет
Судови на РМ
Академија за обука на судии и јавни обвинители
Биро за судски вештачења
Адвокатска комора
Комора на извршители на РМ
Нотарска комора на РМ
Јавно обвинителство на РМ
ДПРМ
 
 
©2011 Здружение на судиите на Република Македонија
 
 
Изработката на Веб странава е финансиски подржана од американскиот народ, преку агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД Македонија (www.usaid.org.mk), во рамките на Проектот за имплементација на судските реформи (www.jrip.org.mk)