Дата: 07.12.2024
VIII РЕГИОНАЛНА СУДИСКА КОНФЕРЕНЦИЈА
Здружението на судии на Република Северна Македонија, во соработка со Институтот на CEELI од Прага, а подржани од Амбасадата на САД во Скопје, од 04 до 06 декември 2024 година ја организирање VIII- мата Регионална судиска конференција во Охрид, РСМ, на тема „Унапредување на довербата и авторитетот на судската власт преку поголема независност и транспарентност“
На конференцијата учествуваа судии од сите судски институции во земјата, судии од регионот – Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, и Црна Гора како и претставници на Институтот CEELI од Србија и Косово. Воедно, за првпат на една судиска конференција организирана од Здружението на судии на РСМ, свои излагања на темата имаа и претставници на невладиниот сектор, Универзитетскиот професорот Бобан Мисовски и претставниците на Судско медиумскиот совет.
Од плодните излагања, дискусии и презентации на Конференцијата произлегоа следните заклучоци, кои во следниот период ќе бидат водилка на Здружението за унапредување на судската власт, поголема достапност на правдата, и зголемување на довербата кај граѓаните во судскиот систем.Закличоци -
1. Учесниците на конфенцијата се согласни дека aктивностите na здружението и на сите општествени чинители треба да бидат насочени кон достигнување на уставно определена еднаквост на трите власти (Законодавна, извршна и судска).
2. Конференцијата заклучи дека се потребни континуирани напори за обезбедување на судската независност и самостојност, преку зголемен судски активизам, изразен преку активности на Здружението и на секој судија поединечно.
3. Да се инсистира на финансиска независност на судскиот систем и подобрување на материјалниот статус на судиите но и на судската служба како предуслов за фунцкионирање на системот.
4. Потребно е да се продолжи со унапредувањето на транспарентноста како предуслов за зголемување на довербата во судството и зголемен проактивен пристап во односите со јавноста.
5. Континуирана анализа на состојбите во судството преку анкетирање на странките во постапките и корисниците на судските услуги, заради навремена детекција на недостатоците во судското постапување.
6. Конференцијата смета дека треба да се оживее идејата за меѓурегионално вмрежување на судските здруженија и судиите, а поради размена на искуства и надминување на проблеми од иста природа.
7. Проактивно учество на судиите во измните на Законите и подзаконксите акти кои ја регулираат работата на судовите, пристапот до правдата и казнената политика.
Во прилог фото глаерија од Конференцијата: