За нас

Информации за здружението

За здружението

  • Здружението на судиите на Република Северна Македонија е доброволна, неполитичка и непрофитна организација основана од активни и пензионирани судии, како и од судии од Република Северна Македонија кои судската функција ја вршат во меѓународни судови, заради остварување на своите интереси, заштитата на независноста и самостојноста на судиската функција и унапредување на професионалното вршење на функцијата.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИТЕ

  • Здружението на судиите на Република Северна Македонија ги има следниве цели и задачи: унапредување и јакнење на независноста и самостојноста на судиите и судската власт во Република Северна Македонија; заштита на достоинството и угледот на судијата и судиската функција; заштита на материјалните и професионалните интереси на судиите; јакнење на судиската етика; стручно усовршување на судиите; поттикнување на развојот во судството со унапредување на законите за организацијата и работата на судовите; соработка со сродни асоцијации во земјава и во странство; развивање на колегијални и пријателски односи меѓу судиите.

ДЕЈНОСТИ СО КОЈ СЕ ОСТВАРУВААТ ЦЕЛИТЕ

  • Остварувањето на своите цели Здружението ги постигнува: со дејствување на членовите во органите и работните тела на Здружението; со давање иницијативи и предлози, со заземање ставови по одделни прашања во врска со целите и задачите на Здружението и со нивно објавување; со поттикнување на иницијатива за стручно усовршување на судиите; со издавање стручни и научни публикации во кои се третираат задачите и положбата на судството.