Дата: 10.12.2024
Здружението на судии на РСМ во однос на повеќе новинарски прашања и барања за коментар за последните имиња кои беа објавени на црната листа на Соединетите Американски Држави ја информира јавноста дека: Здружението на судии на Република Северна Македонија, смета дека ставањето на црната листа на САД, на било кој судија е сериозен удар за честа и угледот на конкретниот функционер на судската власт. Имајќи го предвид значењето на етичкото однесување и интегритет на судиите кое треба да биде неприкосновено и во согласност пред се со Уставот и Законите на нашата земја, но и согласно Меѓународните Закони и препораките на Европската унија и Соединетите Американски држави како наши стратешки партнери, Здружението повикува на брзо разрешување на случајот, пред се заради зачувување на независноста и интегритетот на судската фела во земјата.